речник контакт

Филмот ``Пресвета Богородице, спаси не,, на фестивал во Москва

Филмот на Димитровска ќе биде прикажан на фестивал за филмови со религиозна и духовно - морална содржина „Радоњеж“ во придружните програми

Петар Печков

Играно - документарниот филм „Пресвета Богородице, спаси не“  на авторката Весна Димитровска  ќе биде  прикажан на фестивал за филмови со религиозна и духовно - морална содржина „Радоњеж“ во  Москва Руската федерација. Овој фестивал се одржува со благослов на Неговата Светост, Патријархот Московски и на цела Русија Кирил а под покровителство на рускиот претседател Медведев.

Филмот на Димитровска ќе биде прикажан на 24 ноември во придружните програми на фестивалот  во претпладневните часови. Во официјалната програма за награди учествуваат триесетина дела, претежно од руски автори. 

Во филмот „Пресвета Богородице, спаси не“   покрај Весна Димитровска  која е и режисер играат и актерите Милица Стојановска, Роберт Вељановски, Драган Миладинов, Роберт Ристов, Ѓорги Бисерков  Дампе, Александар Ѓоргиев. Тој премиерата ја имаше годинава на 9-ти август на патронот на Велес Св. Пантелејмон.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »